Дали поради ова доби отказ: „Што сакаш, смраду еден!“

0
ФОТО: Spartak.com

Дејан Станковиќ од вчера повеќе не е шеф на тренерскиот штаб на Спартак Москва. Имено според едно видео кое стана вирално на интернет, тој имал жестока расправа со одредени руски новинари. Па затоа сега се поставува прашањето дали поради ова Србинот доби отказ.

Иако ова не е потврдено, многумина веруваат дека разделбата е поради инцидентот што се случи по триумфот над Ахмат. Имено, темпераментниот стручњак даде изјава на руски новинар по натпреварот, но откако, бидејќи не му се допадна едно прашање, дојде до расправија. Најпрво, Станковиќ зборуваше на англиски, потоа се префрли на италијански, а на крајот сè го зачини со навреда на српски јазик.
Кога беше прашан за наводите дека извикал „Срамно!“ на крајот од натпреварот, според судијата, Станковиќ одговори:

Не, го поздравив Богосавец. Не знам за што зборуваш“.

Потоа новинарот се обиде да го прекине разговорот, но следеше рафалот на Станковиќ: “Имате ли уште прашања? Дали тоа беше единственото прашање што го имавте? Дали сте новинар? Зошто ме прашувате ова? Зошто ме провоцирате со ова прашање? Дали знаете нешто за фудбал? Која формација ја користевме? Кого заменивме? Тоа не го знаете. Вие и другите можете само така да зборувате! Што сакате?!“

На крајот, сè кулминираше кога Станковиќ проговори на српски:

Што сакаш, смраду еден!“

ПретходноПешевски: Ја заслуживме победата до која не водеа 4.000 грла!