Еврокуп: 12 поени за Јакимовски, Тренто поразен во Истанбул

0
фото: aquilabasket.it

Тренто на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски го претрпе четвртиот пораз во Еврокупот, откако вечерва прилично убедливо беше совладан на гостувањето во Истанбул против екипата на Бешикташ со 97:83.

Јакимовски и на овој меч беше во триото кошаркари кај Тренто кое го носеа гостинскиот состав, но со 12 поени и 6 реализирани скока не успеа да му помогне на тимот да направи подобар резултат. Јакимовски одигра 23 минути од денешниот меч во кои имаше и една асистенција.

Тренто во следното коло на Еврокупот се среќава со германски Хемниц со кого има и дирекнта битка за местата кои водат во следната фаза.

ПретходноДимитријевиќ одличен во победата на Зенит!