Пелистер дојде до два големи бодови во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак на домашен терен славеше против големиот Пик Сегед со 25-24 во мечот на неделата во Лигата на шампиони.
Битолчани можеа полесно да го решат овој дуел, водеа со пет гола разлика, па му дозволија противникот да се врати и да поведе, но најважно во драматичната завршница покажаа победнички карактер. Токму во тие моменти, Пелистер како главен сојузник го имаше Жарко Пешевски, постигна два важни гола. На крајот сосема заслужено беше прогласен за играч на мечот на колото.










