Одиме на победа: Македонија е подготвена за контролата со Летонија! (ФОТО)

0
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/FB

Во пресрет на утрешниот меч со Летонија, кој ќе биде контрола или “генералка“ пред решавачкиот дуел со Велс (18.11.2025) во Кардиф, утре од 18 часот, нашите репрезентативци денеска тренираа на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

Последниот тренинг пред утрешниот меч со Летонците беше одработен во добра атмосфера. Јасно е дека селекторот Благоја Милевски утре нема да настапи со својот најсилен потенцијал, имаме проблеми и со повреди, но исто така јасно е дека без разлика кој и да добие шанса, Македонија оди на победа за потврда на своето реноме кое го изгради во последно време.

ПретходноПобеда на стартот од квалификациите: Македонија ја доби драмата со Данска! (ФОТО)