Пешевски: Ја заслуживме победата до која не водеа 4.000 грла!

0

Пелистер ја приреди најголемата сензација во Лигата на шампиони. За прпват во својата историја го победи Пик Сегед (25-24) и одигра едно од најдобрите први полувреме во својата историја кога станува збор за ова натпреварување.

Во Битола беше вистинска драма, но со среќен крај за македонскиот првак, а еден од главните лидери до двата бода беше Жарко Пешевски, мечот го заврши со седум гола од исто толку обиди и беше прогласен за играч на мечот.

„Овие неколку дена живеевме како едно семејство, знаевме дека меѓу нас владее една атмосфера која мора да ја искористиме. Плус 4000 грла не водеа 60 минути, максимално почитувавме тактика и договор. Победата ја заслуживме. Секоја чест за Сегед, но ние имавме свој ден. Никој не се предаваше, кога некој ќе паднеше на под, сите му подававме раце“, изјави по мечот Пешевски.

За Пелистер ова е втора победа оваа сезона во ЛШ, на стартот исто на домашен терен го победи Пик Сегед.

ПретходноЗаслужено: Пешевски го доби признанието за играч на мечот!