Победа на стартот од квалификациите: Македонија ја доби драмата со Данска! (ФОТО)

42

Вечерва во СРЦ “Кале“ во Скопје, нашата најдобра женска кошаркарска селекција, во првиот меч од групата Ф, во првата фаза во квалификациите за ЕП 2027, во еден неверојатен меч успеа да ја победи Данска со 79:78.

Добра игра на Македонија, посакуваа победа и ете со многу борба и жар и дојдоа до неа. Победа и тоа по долго, долго време за Македонија.

Браво за девојките.

Во првиот период од играта, гостинската селекција подобро се снајде и ја доби таа четвртина со 18:21. Македонија врати во вториот период, но сепак на пауза нашите кошаркарки заминаа со -1 разлика, 39:40.

Во продолжение од мечот нашата репрезентација одигра подобро, борбеноста беше во преден план, проблем беше само офанзивниот скок на кошаркарките на Данска, кои во неколку наврати од “втора“ успеваа да дојдат од поени, со што ги анулираа поените на Македонија со цел да се дојде до резултатско одлепување.

Во последниот период Митрашиновиќ и останатите едноставно беа на ниво, ја зацврстија одбраната, ги намалија офанзивните скокови на гостинките и тоа вроди со плод со оглед на тоа дека имавме разлика од +6 поени.

Сепак драма во финишот. На нешто повеќе од една минута до крајот, Линдал постигна тројка и со тоа Данска успеа да дојде до -1. Ова беше единаесетта тројка на овој меч, и тоа на 68 секунди до крајот. Александра Стојановска врати со два поени за +3 за Македонија на 35 секунди до крајот, но гостинките од слободни фрлања повторно дојдоа на -1.

На крајот сепак и со малку среќа, успеавме да победиме.

Најефикасна во нашите редови беше Хемпе со 25 поени, Селцова 17, Стојановска забележа 15 а Митрашиновиќ 14.

Следниот меч Македонија ќе го одигра на 15 ноември и тоа со Грција, исто така од СРЦ “Кале“ во Скопје. Во групата Ф е уште и селекцијата на Хрватска.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноТензии во Реал: Не е само Винисиус против Чаби Алонсо!
СледноОдиме на победа: Македонија е подготвена за контролата со Летонија! (ФОТО)