Пред пет години: На денешен ден Пандев ја однесе Македонија на ЕП! (ВИДЕО)

1
ФОТО: FFM.MK

Некои датуми едноставно се врежани во меморијата на мак – фудбалот. Искрено ретки се, но сепак постојат. А еден од нив е секако 12 ноември 2020 година. Значи на денешен ден пред пет години Македонија гостуваше кај Грузија во Тбилиси во баражот за пласман на ЕП. И на тој меч Македонија, со голот на Горан Пандев успеа да победи со 0:1, а со тоа да се пласира на ЕП кое се одигра следната година, поради Ковидот.

На денешен ден пред пет години среде Тбилиси, нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, како што и доликува, ја однесе Македонија на ЕП.

Тоа беше остварување на сонот на сите нас, на сите македонски фудбалски фанови, на сите генерации на репрезентативци во самостојна Македонија.

Покажавме на дело дека Македонија може.

Да се присетиме уште еднаш на тие моменти во Тбилиси пред пет години.

ПретходноБајчетиќ повторно е опција за Србија