Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со победа над Данска ги отвори квалификациите за Евробаскетот во 2027 година. Една од нашите најискусни кошаркарки, Александра Стојановска денеска беше дел од главната четворка во нашиот национален тим, која го понесе најголемиот товар во дуелот со Данска.
„Пред се, честитки до мојата екипа. Се боревме, покажавме дека можеме од самиот старт и како што ни рече тренерот на почетокот, го покажавме тој победнички менталитет. Заслужено го добивме овој дуел, со борба од прва до последна секунда. Секој што стапна на терен даде максимум и даде свој придонес во оваа прва победа. Ова е само почеток на нешто добро и убаво во нашата репрезентација. За следниот меч ќе се подготвуваме добро, Грција е тежок и искусен ривал, долги години игра на Европските првенства. Но секако дека нема да се откажеме и ќе се бориме да покажеме дека можеме“, потенцираше Стојановска.










