Струмица поразена од Јихострој на првиот меч од ЦЕВ Купот

28
фото: CEV.eu

По елиминацијата од Лигата на шампионите, одбојкарите на македонскиот шампион Струмица вечерва се поразени во првиот меч од квалификациите во ЦЕВ Купот. На гостувањето во Чешка, струмичани немаа сили за никакво изненадување против големиот фаворит Јихострој Чешке Будејовице.

ЈИХОСТРОЈ – СТРУМИЦА   3:0 (25-18, 25-12, 26-24)

Чешкиот состав во трите сета имаше апсолутна доминација и прилично брзо и лесно дојде до победата. Струмица во добар дел од првиот и третиот сет се обидуваше достојно да му парира на домаќинот, но не успеа да направи целосно изненадување. Ова особено се однесува на третиот сет во кој момците на Атанас Милев одлично парираа до самата завршница, па дури и го однесоа сетот на разлика. Сепак, Јихострој успеа да дојде до 26:24 и да ја затвори средбата.

Маџунков со 10 и младиот Јован Милев со 9 поени беа најефикасните во составот на Струмица. Кај Јихострој одличен меч имаше Брихта со 14 поени.

Реванш натпреварот ќе се одигра следната недела во салата „Парк“ во Струмица.

ПретходноОдиме на победа: Македонија е подготвена за контролата со Летонија! (ФОТО)
СледноСтоле Димитриевски ја “запали“ Валенсија!