У-19: Македонија со пораз на стартот од квалификациите

1
ФОТО: FFM.MK

Селекција на Македонија до 19. години попладнево во Гимараеш (Португалија) е поразена од силната селекција на Белгија со 0:1, во првиот меч од квалификацискот турнир, прва фаза, за пласман на ЕП.

Стрелец на победничкиот гол беше Мусуаи во 72.минута. Еден гол сосема доволен за победа и три бода за младите репрезентативци на Белгија, која и пред натпреварот важеше за голем фаворит.

Македонија во поголем дел од мечот се бранеше, и тоа успешно. Голманот Илоски во неколку наврати ја спасуваше својата мрежа, но сепак на крајот Македонија забежа пораз на стартот од квалификациски турнир.

Инаку нашата репрезентација под водство на селекторот Ерхан Селими, овој меч го започна со следниот состав:

Илоски, Аслани, Атанасовски, Стојаноски, Ристов, Андоновски, Киш, Саботиќ, Радевски, Бранковски и Љатифи. Во игра во текот на натпреварот влегоа и Мурџески, Дамјановски, Мехмед, Али.

Следните мечеви од групата 11, нашата репрезентација ќе ги одигра против Португалија на 15 ноември, а последниот дуел ќе го имаме со Естонија на 18 ноември.

ПретходноГарсија и Рафиња се враќаат по паузата