Голема драма со среќен крај: Пелистер го „тресна“ Пик Сегед среде Битола

117

Пелистер дојде до втората победа во Лигата на шампиони, откако на домашен терен го совлада Пик Сегед со 25-24 во меч од седмото коло. Ова беше прв триумф за македонскиот тим во пресметките со унгарскиот состав, и според играта на теренот целосно ги заслужи бодовите, покажа дека во Битола никој нема да помине лесно.

Пешевски со седум гола од толку обиди беше прв стрелец и во решавачките моменти клучен играч, зад него беше Кузмановски со четири погодоци.

Неочекувана разврска во Битола, актуелниот македонски првак го одигра најдоброто прво полувреме во Лигата на шампиони. Пикс Сегед во 15 минути игра постигна само два гола. Пелистер отвори со 5-0 и двајцата голмани, Хеидарирад и Митревски беа одлични. На другата страна противникот првиот погодок го реализираше во 11 минута преку Мацковшек. Актуелниот македонски првак пропушти шанса да поведе со шест гола разлика. Унгарскиот состав дојде на 10-8, на одморот беше 11-8.

Пик Сегед се врати целосно во мечот, второто полувреме го отвори со 4-1 за 12-12 во 36-та минута или пак со серија од 7-2 по последните 10-5 за Пелистер дојдоа до првото израмнување. Токму при овој резултат гостите добија по две исклучувања. После 13-13, Тулин влезе во серија на одбрани, на голема среќа пак Пик Сегед не го искористи тоа максимално, но во 41 минута успеа да дојде до првото водство 13-14.

Кукиќ на средината на вториот период донесе +2 за неговиот тим (14-16). Но, македонскиот првак не дозволи на противникот брзо да земе сила, па израмни на 17-17. Се играше гол за гол, со тоа што Пелистер бркаше гол негатива се до 52 минута кога одново влезе во победнички ритам, со два гола на Цехте и одбрана и погодок на Митревски поведе со 22-20. Пик Сегед врати со 3-0 за 22-23 на три и пол минути до крајот. Пешевски прво израмни на 23-23, па на 24-24. Остана минута до крајот и напад на гостите, Готфридсон направи чекори. Пелистер имаше се во свои раце, Радивојевиќ го совлада Тулин од седум метри за 25-24, на другата страна гостите беа немоќни.

Претходно„Гардијан“: Барселона е подготвена да плати за Хари Кејн
СледноАуди го откри дизајнот за новиот болид за следната 2026-та (ФОТО)