Двајца Белгијци ќе играат за ДР Конго на решавачките баражи за пласман на Мундијалот 2026!

60

Светската фудбалска федерација (ФИФА) им дозволи на двајца фудбалери да ја променат својата националност и, откако претходно ја претставуваа Белгија, сега ќе можат да играат за Демократска Република Конго (ДР Конго) во претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство во африканската зона.

Станува збор за напаѓачот на Селтик, Мишел-Анж Баликвиша, и голманот на Стандард Лиеж, Матие Еполо, кои добија право за играње за африканската репрезентација и ќе го засилат составот на ДР Конго во полуфиналниот плеј-оф натпревар против Камерун за место на Светското првенство во 2026 година.

И двајцата се родени во Белгија, но се од конгоанско потекло. Тие играа за белгиската репрезентација на младинско ниво, но не и за серниорската  репрезентација. Апликациите на двајцата беа поднесени во различно време, но ФИФА ги разгледала оваа недела.

Победникот од натпреварот ДР Конго-Камерун ќе се квалификува во финалето на плеј-офот за место на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико и ќе го чека победникот од натпреварот Нигерија-Габон. Сите натпревари се играат во Рабат (Мароко).

ПретходноЈувентус и агентите на Јилдиз ги прекинаа преговорите за нов договор
СледноВардар ги пушти во продажба билетите за мечот со ИФК Кристијанштад