Натпреварот меѓу Пелистер и Пик Сегед беше прогласен за меч на неделата во Лигата на шамиони. Македонскиот првак се претстави во најдобро можно светло, во драматична завршница го совлада унгарскиот тим со 25-24 за втора победа оваа сезона.
Пред оваа средба, ЕХФ на својата официјална страница ги претстави верните фанови „Чкембари“ – „Пелистер и нивните навивачи, тоа е приказна за страст долга четири децении“, на овој начин ја започна приказната.
Во тесктот се потенцира страста која битолчани ја имаат општо за спортот, не само за ракометот. Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК.
Вчера ЕХФ со своите стручни лица можеа од лице место да се уверат за атмосферата во Битола, а за нивната бескомпромисна поддршка и постојано навивање. Тие им даваа посебен импулс и мотив на своите ракометари, а потоа заедно го славеа големиот триумф.
ЕХФ на крајот им порача дека се неверојатни.










