Македонската фудбалска репрезентација до 19 години вчера во рамките од првото коло од квалификацискиот турнир кој што се одржува во Поргугалија, загуби од соодветната селекција на Белгија со минимални 0:1.
Нашиот состав се бореше со сите сили за да обезбеди барем бод на овој стартен меч на овој турнир но сепак, не успеавме во тоа. Белгијците победничкиот гол на мечот го постигнаа во 72 минута преку играчот на Клуб Бриж, Јанис Мусуаји.
Мора да се спомене дека Македонија на овој меч одлично се бранеше и парираше на реално посилниот противник, а во сето тоа најмногу се истакна нашиот голман Давид Илоски.
Имаше неколку сериозно добри интервенции кои и не доведоа со ситуација да се надеваме на поволен резултат, кои за жал не се оствари. Сепак, Илоски покажа дека и со своите 18. години има сериозен квалитет но и искуство затоа што има веќе голема минутажа во ПМФЛ шампионатот за неговиот тим Брера.
Следен дуел е оној против домаќинот Португалија на 15 ноември.










