Милевски: Немам замерки апсолутно на ништо, освен на теренот на Арената

170

Со пријателско реми 0:0 на домашен терен против Летонија вечерва, фудбалската репрезентација на Македонија ќе замине за Велс, каде што на 18 ноември ќе го одиграме последниот дуел од актуелните квалификации за Мундијалот следната година.

Вечерашниов дуел кој што очигледно ни послужи само како загревање на она што вистински следува за нас за пет дена го одигравме во комбиниран состав. Дали тоа беше правилно или не ќе покаже дуелот во Кардиф.

„Сето она што си го зададовме како задача, освен победата на овој меч беше исполнето. Увидов како ќе се однесува тимот во нова формација, со пресинг, тактичка дисциплина. Од тој аспект мора да сум задоволен. Од друга страна, мора да им обезбедиме подобри услови на играчите за домашни мечеви. Тука мислам пред се на теренот. Во иднина тоа мора да се промени. Овие момци заслужуваат подобро. Честитки за Летонија за играта залагањето. Не случајно ги добравме нив. Затоа што се покажа дека е квалитетен противник. Против нив во Лигата на Нациите одигравме добар меч. Не можам, а да не сум заодоволен од сите кои се во ростерот. Во моментов се 28. Без разлика дали се работи за стартери, за резерви… сите се на ниво. Мечот со Велс е подеднакво важен како и сите мечеви до сега. Сами се доведовме до оваа ситуација. Во игра сме за второто место, да уживаме во дуелот и во се што ќе се случува таму“ – изјави селекторот Милевски по дуелот вечерва со Летонија.

ПретходноСтаниќ вината за лошите резултати ја гледа кај други: Фудбалерите патат од “детски болести“!
СледноАндреј Стојчевски: Разочарани сме што не победивме!