Норвешка речиси е на Мундијалот: Халанд и Серлот ја “скршија“ Естонија!

29
ФОТО: Fotballandslaget/FB

Во терминот од 18 часот се одиграа три меча од квалификациите за СП 2026. Очекувано Норвешка дома славеше убедливо, со 4:1 против Естонија. По два гола постигнаа Халанд и Серлот. Со овие три бода Норвешка е речиси на СП. Само катаклизма треба да се случи за да Норвежаните не одат директно на Мундијалот. Имено треба да се случи Италија на последните два меча не само да победи, туку треба да постигне 19 голови на тие две средби, а Норвешка да биде поразена на својот последен меч во групата И.

Во случај вечерва Италија да не победи на гости кај Молдавија, тогаш јасно е дека Халанд и другарите и официјално се на СП 2026.

Унгарија како гостинја победи Ерменија со 0:1, и со тоа си ги задржа големите шанса да заврши како втора во групата Ф и да игра бараж.

Исланд како гостин дојде до трите бода кај Азербејџан. Па така и оваа селекција сега има шанси на крајот да заврши како втора во групата Д.

ПретходноМакедонија У17 на тест против Русија во Струмица!
СледноНема домашен триумф пред Велс, Македонија одигра „нула“ против Летонија