У-21: Шведска се прошета во Битола, момците на Станиќ се далеку од класа!

215
ФОТО: FFM.MK

Македонија – Шведска 1:4 е исходот од вечерашниот меч во Битола во квалификациската група Е за селекции до 21.години за пласман на ЕП.

Навистина убедлив пораз, четврти во петтиот меч за избраниците на селекторот Горан Станиќ. Сепак се чини дека на овој меч можевме да извлечеме нешто подобар резултат ако се знае дека во 12.минута имавме водство од 1:0.

Но вечерва се виде на дело дека Швеѓаните се далеку поквалитетен состав од нашиот. Гостите се прошетаа низ Битола. По овој пораз сега веќе и дефинитивно се знае дека овие квалификации за нас, за добар резултат, се загубени. Од пет меча имаме само три бода.

Треба да се каже дека гостите подобро го отворија мечот, и тоа со висојк пресинг, со добри акции а првата закана дојде преку Затерстром уште во 4.минута. Евидентно беше дека изборот на селекторот Горан Станиќ беше дефанзива и преку контри да се загрози гостинскиот гол.

Во 9.минита Оморова имаше зицер, но напаѓачот на Швеѓаните за малку не го совлада нашиот голман Василев. Македонија првиот удар го упати во 10.минута преку Гаштаров, но неговиот шут заврши над голот.

Тоа како да беше најава за тоа што ќе се случи две минути подоцна, кога Хамза одлично го проигра Елези кој од десно со прекрасен удар стрела за 1:0 за радост на малубројната публика на трибините на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола. Инаку Елези во 30.минута опасно се закани, но сега малку недостигаше да биде 2:0 за Македонија.

И се беше одлично до 32.минута кога Меличи направи голем кикс, топката дојде до Куси – Асари, кој веднаш ја проследи до Оморова за 1:1. Веќе во следниот напад, Оморова со уште еден гол и носи водство на Шведска од 1:2.

Со овој резултат се замина на пауза.

А во второто полувреме видовме поотворена Македонија, со акции, со шанси како таа на Данев во 46.минута.

И место израмнување, нов гол за Шведска и тоа преку Сонко, кој прво шутираше а Василев ја одби таа топка која дојде пак до Сонко, кој со глава без проблеми ја пласираше во празната мрежа за 1:3 во таа 60.минута.

По тој гол паднаа сите надежи кај нашите момци дека може нешто да сторат, па до крајот речиси и да ништо не се случуваше на теренот.

И така беше се до 79.минута кога Боудри со гол го зголеми водството на Шведска на 1:4.

Следниот натпревар Македонија ќе го одигра на 18 ноември исто во Битола, и тоа против Полска.

Квалификации за ЕП – група Е (У-21)

МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА 1:4 (1:2)

Стадион “Петар Милошевски“ во Битола. Судија: Кевин О`Саливан (Р. ИРС). Стрелци: Елези 12. (МАК), Оморова 32., 33., Сонко 60., Боудри 79. (ШВЕ).

МАКЕДОНИЈА: Василев, Димески, Меличи, Ѓ. Џеков, Хамза, Ангелов, Гаштаров (60. Елмас 62.), Зенделовски (88. Софијановски), Данев (61. Талевски), Елези (80. Ѓорѓиевски), Трајков.

ШВЕДСКА: Бишесари, Скоглунд, Куртулус (77. Торел), Затерстром (77. Затерстром), Перез Винлоф (82. Самуелсон), Нџие (67. Раферти), Карлсон, Боудри, Сонко (67. Бјорклунд), Оморова, Куси – Асаре.

ПретходноПолувреме Македонија – Летонија: Шансите се редат, мрежите мируваат
СледноМакедонија У17 на тест против Русија во Струмица!