Гаштаров: Македонија нема друга опција освен победа

0

Македонскиот национален тим до 21. година денеска во Битола, на „Петар Милошевски“, го игра петтиот квалификациски дуел од тековната кампања. Противникот е Шведска, репрезентација која што во моментов има идентични три бода како и нашиот состав, и која реално е во слична ситуавија во моментов.

Ние пак, по неуспехот во Црна Гора, едноставно и немаме друга опција освен три бода доколку сакаме секако да останеме во игра за што повисок пласман до крајот на оваа кампања.
„Очекувањата за овој дуел не е разликуваат премногу од претходните. Нас не ни менува премногу фактот против кого играме затоа што нашата игра е најважна за успех. Да не зборувам за нотивацијата кога се игра за Македонија, таа се подразбира.

Против Цртна Гора реално направивме грешки кои скапо не чинеа. Го анализиравме тој меч, свативме каде треба да се поправиме и верувам дека тие грешки нема да се повторат. Ветувам беспоштедна битка во текот на сите деведесет минути, од страна на исте кои ќе излеземе на терен. Ветуваме дека ќе направиме се за да дојдеме до нова победа. Победа за Македонија“ – вели Матеј Гаштаров.

 

ПретходноКошаркарските каравани тргнуваат од Скопје, прва станица – СРЦ „Кале“