Дончиќ го коментираше отказот на човекот кој шокантно го испрати во Лејкерси

1

По еден од најубедливите порази во својата кариера, ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, мораше да одговори на прашања за човекот кој стои зад една од најконтроверзните трејдови во поновата историја на НБА. Кога од Далас Маверикс премина во ЛА. Нико Херисон, поранешниот претседател и генерален менаџер на Далас, доби отказ, а Дончиќ ја прокоментира веста по тешкиот пораз од Оклахома Сити Тандер со 121:92.

„Градот Далас, навивачите, играчите — секогаш ќе имаат посебно место во моето срце“, рече Дончиќ. „Мислев дека ќе останам таму засекогаш, но животот носи друго. Тоа ќе биде мој дом засекогаш, но сега сум целосно фокусиран на Лејкерс.“

На прашањето дали би можел некогаш повторно да се врати во Маверикс, сега кога Херисон повеќе не е во клубот, Словенецот кратко одговори:
„Моментално сум фокусиран само на Лејкерс. Без понатамошни коментари.“

Да потсетиме, токму Херисон во февруари ја шокираше НБА јавноста кога го разменa Дончиќ во Лејкерс за Ентони Дејвис, Макс Кристи и избор на првата рунда на драфтот во 2029 година.

Иако одлично ја започна сезоната во дресот на Лејкерс — со просек од 37,1 поен, 9,4 скока и 9,1 асистенција — против шампионот Оклахома одигра една од најтешките вечери во својата кариера.

„Дефинитивно не беше нашата најдобра средба,“ призна Дончиќ. „Можеби и најлоша оваа сезона, но тие одиграа извонредно. Со причина се шампиони и тоа го покажаа. Мораме да бидеме подобро подготвени, а тоа почнува од мене. Морам да бидам многу подобар.“

Оклахома со оваа победа дојде до скор 12-1, најдобар во лигата, додека Лејкерс се на 8-4 и петти на Западот.

„Нема место за паника, тоа е мотив повеќе. Со причина се шампиони, почнаа уште посилно од минатата сезона. Голем предизвик е да ги гледаш како играат и да се обидеш да ги запреш,“ заклучи Дончиќ.

ПретходноФановите на Партизан во шок од тоа кој е новиот тренер на “црно – белите“! (ФОТО)