Европското првенство во 2028 година кое ќе се одржи во Англија, Шкотска, Велс и Ирска официјално ќе биде отворено со натпревар во Велс, поточно во Кардиф, каде македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за СП 2026.
Кардиф ќе биде домаќин на првиот натпревар од турнирот на „Милениум Стадионот“, додека стадионот „Вембли“ во Лондон ќе биде домаќин на полуфиналето и финалето.
Освен на стадионите „Вембли“ и „Милениум“, четвртфиналните натпревари ќе се играат и на арените во Даблин и Глазгов.
Стадионите на Манчестер Сити, Тотенхем, Астон Вила, Евертон и Њукасл исто така ќе бидат домаќини на натпревари од првенството, потврдија организаторите.










