Вечерва се комплетираше седмото коло во Лигата на шампиони. Фуксе Берлин остана вториот тим со перфектен скор откако го совлада Спортинг на гостински терен со 37-38. Бундес-лигашот останува лидер во групата А.
Гидсел со 13 гола беше прв стрелец, на другата страна Мота Коста имаше 12 погодоци.
Во истата група, Кјелце одигра без победник против Алборг (32-32), додека пак Нант славеше пеорив Динамо со 35-28.
На останатите средби, во групата на Пелистер Барселона го совлада Пик Сегед со 30-24.










