Македонија У17 на тест против Русија во Струмица!

0
Фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Русија. Првиот натпревар е закажан за 14.11.2025 во 13:00 часот, а вториот за 16.11.2025 во 12:00 часот. Натпреварите ќе се одиграат во Турново и Струмица.

Селекторот на Македонија до 17 години, Влатко Колев за двете контролни пресметки против Русија, ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Амин Суљовиќ (Скопје), Даријан Денковски (Македонија ЃП), Ринор Цека (Шкендија);

Одбрана: Фадиљ Исламовиќ (Кустошија, Хрватска), Никола Митев (Сасуоло, Италија), Михаил Митровски (Македонија ЃП), Грегоријан Михајловски (Сервет, Швајцарија), Амер Бајрами (Работнички), Давид Лиотовски (Работнички), Стефан Војчевски (АП Брера Струмица), Филип Цветковски (Вардар), Марко Мирчевски (Охрид);

Среден ред: Гоце Кузмановски (Победа), Бленди Љачка (Фенербахче, Турција), Дејан Спасевски (Сасуоло, Италија), Лука Јасмин Георгиев (Вардар), Александар Петровски (Црвена Звезда, Србија), Блерон Буши (Работнички), Кристијан Стојанов (Скопје), Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП);

Напад: Алек Чедомирски (Македонија ЃП), Васко Папалиски (Скопје), Ердин Мамути (Работнички), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП);

ПретходноУ-21: Шведска се прошета во Битола, момците на Станиќ се далеку од класа!