Моќна е оваа Ц.Звезда. Фантастична е оваа Ц. Звезда под водство на Саша Обрадовиќ. Осма победа на Црвена Звезда во Евролигата. Вечерва во Белградската Арена, по втор пат за три дена, Монако падна, овојпат со резултат од 91:79. Црвена Звезда, носена од одлично навивање и одлучувачка игра во нападот во последната четвртина, особено благодарение на новодојдениот Батлер, успеа да направи недостижна разлика и да слави голема победа против еден од директните ривали за висок пласман. Звезда сега е на 8-3, Монако на 6-5.
Огњен Добриќ беше најефикасен со 22 поени, Џаред Батлер имаше 20 поени, од кои 13 во последниот дел. Одџелај 14, Милер-МекИнтајр 12 и 10 асистенции, а Калиниќ 11. Кај Монако, Џејмс 18, Окобо 16, Блосомгејм 11.
Панатинакос среде Мадрид успеа да го победи Реал Мадрид со 77:87 и покажа зошто е еден од главните фаворити за пласман на Ф4. Ти – Џеј Шортс, македонскиот репрезентативец одигра одлично и беше најдобриот поединец во победничкиот тим со 19 поени.
Фенербахче на свој терен го победи Хапоел Тел – Авив со 74:68. Париз беше подобар од Валенсија со 90:86, додека Макаби славеше против Басконија со 89:83.










