Нема домашен триумф пред Велс, Македонија одигра „нула“ против Летонија

1

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје одигра 0:0 против соодветната селекција на Летонија, дуел кој што го одигравме пред се и само затоа што во овој квалификациски термин ние немавме закажан дуел од Мундијалската кампања.

Аналогно на тоа, ова домашна „нула“ против реално противникот кој на Арената вечерва изгледаше сосема солидно, мотивирано и напаѓачки расположено, можеме да ја окарактиризираме само како еден вид најава за она што вистински следува. А тоа е последниот меч од актуелните мундијалски квалификации за нас против Велс на гости на 18 ноември.

Вечерашниов меч го одигравме со комбиниран состав, а и така изгледавме на терен. Во првиот дел имавме неколку ситуации, не ги искористивме иденично како и противникот. Во вториот дел, повеќе се чувавме одколку што реално сакавме да постигнеме гол, но и вака не е страшно. Вистинското допрва доаѓа… во Кардиф.

Главните случувања во првиот дел

Стартот на мечот вечерва го одбележаа ударите на Гутковскис кој што најпрво шутираше директно во Димитриевски по само педесетина секунди од почетокот на мечот, за да најзрелата шанса на истиот да ја има во 24. Минута. Гутковскис биеше со глава осамен на петерецот на Македонија но покрај голот.

Пет минути подоцна Македонија го имаше својот момент, по обидот на Растодер со нога, но бише директно во Матревитс па овој исто така со нога изби во поле.

Конечно, Гутковскис го имаше својот трет обид и тоа најсериозен во 38 минута кога од непосредна близина биеше силно но Димитриевски направи мала бравура и не спаси од негатива.

Македонија пак по акцијата на Чурлинов и асистенцијата за Барди го стави на тест повторно Матревицс но овој и покрај „рикошет“ ударот на напиот капитен успеа да спаси.

По корнерот, Никола Серафимов со глава биде добро, Матревицс повторно брани, а и од вториот обид на Серафимов кој беше далеку послаб од првиот.

Ниту „сенаторите“ не ни донесоа предност

На стартот на вториот дел првата ситуација која што ја имаше Македонија, беше онаа на Милан Ристовски. Напаѓачот добро се снајде помеѓу двајца дефанзивци, изби сам одкосо пред голот на Летонија, биеше со лева, но Матревитс повторно на висина на задачата.

По еден час игра на теренот се појавија „сенаторите“ во нашиот национален тим Трајковски, Миовски и Елмас и токму последниов го упати следниот удар вреден за споменување. Голманот на Летонија уште еднаш сигурен.

Се играше седумдесеттата минута кога „десетката“ на гостите од не така лесна позиција одлично шутираше и ја погоди гредата од голот на Македонија, иако се чинеше дека Димитриевски ја има ситуацијата под контрола и доколку топката одеше во голот дека ќе интервенираше посоодветно за да спаси гол.

Ќамили по одличното проигрување од Елмас, шутираше со лева во 71. Минута покрај гостинскиот гол.

Македонија – Летонија 0:0

Арена Тодор Проески во Скопје

Гледачи: 3000

Главен судија: Милош Савовиќ (Црна Гора)

Македонија: Димитриевски, Илиевски, Ашковски (Димоски 83), Серафимов, Стојчевски, Барди (Ќамили 46), Чурлинов (Елмас 60), Растодер (Миовски 60), Алими, Костадинов (Рамадани 70), Ристовски (Траковски 60)

ПретходноНорвешка речиси е на Мундијалот: Халанд и Серлот ја “скршија“ Естонија!