Одбојкарките на Јанта Волеј со пораз се простија од ЛШ, сега ќе играат во ЦЕВ Купот

1
фото: CEV.eu

Одбојкарките на Јанта Волеј вечерва и во реваншот кај Ле Кане се поразени, овојпат со убедливи 3:0, па така тука го завршија својот настап во Лигата на Шампионите, во ова второ коло. Сепак ова не е крај за Јанта Волеј во Европа. Тие го продолжуваат својот настап во ЦЕВ Купот.

И во реваншот се виде дека тимот од Франција е класа за себе. Пораз од 3:0 а во сетови беше 25:6, 25:13 и 25:13. Од почеток на мечот па се до крајот, домашниот тим беше многу подобар, во целост ја оправда улогата на голем фаворит и успеа да се пласира во следната фаза во ова елитно европско женско натпреварување.

ПретходноДончиќ го коментираше отказот на човекот кој шокантно го испрати во Лејкерси