Играчот на Барселона, Педри ќе се врати порано од очекуваното на терените. Поточно, напаѓачот се рехабилитираше нешто побргу од тоа што јавноста очекуваше, па денешен АС тврди дека тој би требало да е на терен на 22 ноември за дуелот против Атлетик Билбао во Примера.
Откако го повреди тетивата за време на Ел Класико (2-1), Педри првично изгледаше дека ќе го пропушти поголемиот дел од ноември, вклучувајќи ги и средбите против Челзи во Лигата на шампионите и против Атлетико Мадрид.
Ова секако дека е добра вест за тренерот на Барса, ХАнси Флик кој ќе го има својот најдобар фудбалер за можеби клучниот дел од сезоната.










