Станиќ вината за лошите резултати ја гледа кај други: Фудбалерите патат од “детски болести“!

1

Нашата У-21 селекција и вечерва доживеа пораз во квалификациите. Македонија – Шведска 1:4, ова беше петти пораз за нашите младинци во шестиот меч.

Секако резултатите не се според очекувањата, а селекторот по мечот со Шведска искоментира:

Направивме добра анализа, знаевме кои им се силните страни. Имаме проблем со исклучително брзи играчи, но на почетокот изгледавме добро. Морам да кажам дека оваа генерација пати од наивност и од „детски болести“, затоа што направивме кардинални грешки кои доведоа до овој убедлив пораз. Грешевме во моментите кога требаше да ја смириме играта и да го контролираме текот. Откако примивме два брзи гола, веќе немавме што да загубиме и моравме да играме похрабро. Истото ни се случи и на мечот против Црна Гора, добро игравме и имавме шанси, но потоа го загубивме мечот“ посочи Станиќ и продолжи:

Мораме да сфатиме дека вакви грешки не се дозволиви на ова ниво. Можеме да се носиме со сите екипи, тоа го видовме на последните мечеви, но мораме да се подобриме во некои сегменти. Работиме на тоа да бидеме поконцентрирани во клучните моменти, се надевам дека тоа ќе се смени во блиска иднина“

ПретходноНема домашен триумф пред Велс, Македонија одигра „нула“ против Летонија