Македонската фудбалска репрезентација во овој момент го игра пријателскиот натпревар против Летонија, кој е подготовка за важната пресметка против Велс, дуел кој се игра во вторник, и воедно е последен од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.
ФФМ одлучи да ги отвори вратите против Летонија, но се чини овој противник не е атрактивен противник за македонските фанови и за беспари. Со оглед на големиот капацитет, трибините се празни, нема повеќе од 3.000 фанови.










