Деби со пораз и тоа на “Вембли“ на Вељко Пауновиќ. Англија покажа зошто е фудбалска велесила и успеа да ја победи Србија со 2:0 и тоа со головите на Букајо Сака во 28.минута и Езе во 90.минута. Ова значи дека Србија и дефинитивно нема да игра на Мундијалот, посебно ако се знае дека Албанија славеше на гости кај Андора со 0:1. Па така сега Албанците имаат +4 бода предност пред Србите и ќе играат во баражот за пласман на Мундијалот.
Србија покажа добра игра, се гледа разликата меѓу Пауновиќ и Пикси Стојковиќ, но сепак Англија е многу, многу силна репрезентација.
Фрација ја декласираше Украина со 4:0, и со тоа стави печат на пласманот на Мундијалот. Двапати Мбапе, а по еднаш Екитике и Олисе за убедлива победа на “триколорите“.
Шок за Португалија во Даблин. На Роналдо и другарите им требаше само бод за печат на пласманот на СП, но вечерва тие се поразени со 2:0. Да кажеме уште еднаш дека во второто полувреме Роналдо поради неспортски потег беше исклучен.
Италија дури во финишот ја победи Молдавија на гости со 0:2 и со тоа го одложи славјето на Норвежаните. Сепак за да биде прва ќе и треба победа над Норвешка во последното коло со 17 голови разлика.Ова значи дека Италија повторно ќе игра бараж.










