Андреј Стојчевски: Разочарани сме што не победивме!

48

Македонија не успеа вечерва на “генералката“ со Летонија да слави победа, пред дуелот во Кардиф кој решава дали ќе бидеме втори во групата.

Македониј, која настапи со комбиниран состав, барем меѓу стартерите, создаде многу шанси, но ете не успеа да постигне барем еден гол и со тоа да дојде до победа, шеста во шестиот меч Летонија.

По мечот свој коментар имаше Андреј Стојчевски:

Секако дека има разочараност кај нас затоа што не победивме вечерва, Затоа што на секој натпревар одиме на победа. Терен како терен, тој е истиот и за двете селекции. Мислам дека во дефанзивата добро функциониравме, сепак ни недостигаше тој гол, таа офанзива. Ништо, што е тука е, одиме во Велс да покажеме што знаеме, да покажеме дека ништо не е случајно, да победиме и да го обезбедиме тоа второ место во групата Ј. Добра е атмосферата во репрезентацијата. Како што реков одиме на победа во Кардиф. Се надевам дека со три бода ќе се вратиме“ заврши нашиот дефанзивец.

ПретходноМилевски: Немам замерки апсолутно на ништо, освен на теренот на Арената
СледноКостадинов:Ни недостигаше гол, знаеме што не чека во Велс!