Костадинов:Ни недостигаше гол, знаеме што не чека во Велс!

30
ФОТО: FFM.MK

И Тихомир Костадинов не е задоволен од овие 0:0 против Летонија. Нашиот играч за врска во таа смисла ја искоментира вечерашната пријателска средба против Летонија која заврши без голови.

Еве што кажа Костадинов:

Ни недостигаше тој гол. Да го постигнеме мислам дека имавме свои шанси. Секако дека голманот на гостите беше на своето ниво, имаше доста добри интервенции. Секако дека посакувавме да постигнеме гол, но за жал не успеавме. Позитивното е тоа што не примивме гол, но секако дека не сме задоволни со учинокот напред. Требаше да реализираме“ посочи тој.

Костадинов потенцираше дека и тој и сите негои соиграчи добро знаат што ги чека на мечот со Велс:

Сега сите играат цврсто, агресивно. Во Велс може да имаме противник со уште поголема агресија. Мораме да бидеме подготвени на тоа, да се спремаме на тоа. Знаеме што не очекува, знаеме каков натпревар не очекува и за што играме па така ќе се потрудиме да се подготвиме максимално за тој натпревар“.

ПретходноАндреј Стојчевски: Разочарани сме што не победивме!
СледноФановите на Партизан во шок од тоа кој е новиот тренер на “црно – белите“! (ФОТО)