Кошаркарските каравани тргнуваат од Скопје, прва станица – СРЦ „Кале“

17
фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска федерација овој викенд ја започнува сезоната на М12 каравани – проект посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката.

Почетната станица на кошаркарските каравани за најмладите ќе биде Скопје, Проектот „трнува“ на 16.ноември, во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје како прва од многуте локации, а почетокот е закажан за 11.00 часот.

Кои се целите на кошаркарските каравани?

Прд се, поттикнување на љубовта кон кошарката и фер-плејот. Секако, развој преку игра и забава, без резултатски притисок, но и вмрежување на младите кошаркари и размена на искуства меѓу тренерите, и тоа како потребни во кошаркарското напредување на овие најмлaди возрасни категории.

Она што треба да се знае е дека: Натпреварите ќе се играат според правилата на мини-баскет (4 х 8 минути, односно „Бам пасарела“ правило (првите две четвртини се играат со цел состав – првата петорка игра цела прва четвртина (две замени), втората петорка цела втора четвртина (две замени), без резултат, со судии назначени од Македонската кошакарска федерација), и со минимум десет играчи по тим, но не повеќе од 15 играчи, на возраст, односно родени 2014 година или помлади.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

Натпревар Време Терен

МКК Куманово – Албатроси 11:00 1

Тиквеш – Вардар 11:00 2

Дино баскет – Водно Санс 11:00 3

Ангели – ИБА 11:45 1

Тетекс – Винеам 11:45 2

Кожув – Црн Дрим 11:45 3

Пониква – Гостивар (ж) 12:30 1

Баскет Кам – Спорт тим (ж) 12:30 2

Дино баскет – Патриот 2016 (ж) 12:30 3

Овче Поле – Патриот 2016 13:15 1

Ангели – Дино баскет 13:15 2

Винеам – Кожув 13:15 3

Гостивар – Патриот 2016 (ж) 14:00 1

ИБА – Тетекс ТТК 14:00 2

Овче поле – Албатроси 14:00 3

Црн Дрим – МКК Куманово 14:45 1

Пониква – Водно Санс 14:45 2

Тиквеш – Патриот 2016 14:45 3

Дино баскет – Баскет Кам (ж) 15:30 1

Спорт тим (ж) Вардар 15:30 2

ПретходноМакедонија со Летонија ќе се “загрева“ за она вистинското, за дуелот во Кардиф!
СледноГаштаров: Македонија нема друга опција освен победа