Уште една неверојатна пратија на Никола Јокиќ во дресот на Денвер Нагетс, кои синоќа славеа над Лос Анџелес Клиперс со 130-116, со што ја остварија својата шеста победа по ред во НБА лигата. Српскиот центар ги предводеше Нагетс со 55 поени, 12 скока и шест асистенции. Тој постигна 25 од 39-те поени на Денвер во првата четвртина, додаде осум во втората четвртина и 19 во третата. Поголемиот дел од четвртата четвртина го помина на клупата пред да постигне тројка.
Арон Гордон придонесе со 18 поени и пет скока, а Џамал Мареј имаше 15 поени.
Најдобри стрелци во тимот од Клиперс беа Џејмс Харден со 23 поени, и Џордан Милер со 22 поени.
Шампионот Оклахома Сити Тандер ги победи Лос Анџелес Лејкерс со 121-92 за 12-та победа од стартот на сезоната. Гилџес-Александер постигна 30 поени, додека Лука Дончиќ со 19 поени, седум скока и седум асистенции беше најефикасен кај поразените.
Во второто дерби на вечерта Голден Стејт на гости го победи Сан Антонио со 125:120 и ја прекина серијата од три победи на Спарс. Стеф Кари со 46 поени, пет скока и пет асистенции беше најефикасен кај „воините“, додека Виктор Вембањама имаше 31 поен, 15 скока и 10 асистенции за домашните.
Кливленд славеа кај Мајами со 130:116, прекинувајќи ја својата серија од четири победи. Џарет Ален со 30 поени и 10 скока беше предводник за победникот, додека за Мајами, кој го претрпе седмиот пораз во осум натпревари против Кливленд, Норман Пауел беше најефикасен со 27 поени.
Хјустон го победи Вашингтон со 135:112, нанесувајќи му го 10-тиот последователен пораз. За Хјустон, Кевин Дурант постигна 23 поени, со пет скока и четири асистенции.
Шарлот – Милвоки 111:100
Детроит – Чикаго 124:113
Њујорк – Орландо 107:124
Бостон – Мемфис 131:95
Мајами – Кливленд 116:130
Хјустон – Вашингтон 135:112
Њу Орлеанс – Портланд 117:125
Сан Антонио – Голден Стејт 120:125
Далас – Феникс 114:123
Оклахома – ЛА Лејкерс 121:92
Сакраменто – Атланта 100:133
ЛА Клиперс – Денвер 116:130










