Македонија со Летонија има „пет од пет“! (ВИДЕО)

53
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/FB

Ако протов некоја репрезентација имаме перфектен скор, тогаш тоа е Летонија. Ривал против кого нашата А-репрезентација денеска од 18 часот на Арената во Скопје ќе одигра контролен натпревар.

Ова ќе биде шести меѓусебен меч и втор пријателски, а на досегашните пет меча имаме пет победи со гол разлика 11:2.

Секако дека посакуваме шеста победа, иако реално нас повеќе не интересира што ќе се случува на 18 ноември на гостувањето кај Велс.

Првиот меч со Летонците се одигра на 05.03.2014, пријателски, кога победивме со 2:1 и тоа на свој терен со головите на Јове Костовски и Агим Ибраими.

Пет години подоцна, на 21.03.2019 исто во Скопје, во рамките на квалификациите за ЕП, беше 3:1 со головите на Џани Алиоски и два на Елиф Елмас.

Во септември истата година, на гостувањето во Рига, исто во меч од квалификациите, победивме со 0:2 со головите на Горан Пандев и Енис Барди.

На 10.10.2024, во меч од Лигата на Нации во Рига, славевме со 0:3 и тоа со головите на Јани Атанасов, Лирим Ќамили и Елиф Елмас.

Последниот меч со Летонија сме го играле на 14.11.2024 во Скопје кога победивме со 1:0 со голот на Никола Серафимов.

Па, нека биде „шест од шест“ после денешниот меч.

ПретходноБоксерски спектакл во најава: Џошуа се враќа во рингот за да се „проба“ со јутјуберот Пол
СледноПауновиќ пред дуелот со Англија: За нас ова е финале!