Манчини е нов тренер на Ал Сад од Катар

28

Роберто Манчини има нов ангажман. Тоа е тимот на Ал Сад од Катар кој што денеска и официјално ја објави новата соработка со искусниот стратег. Поранешниот селектор на Италија потпиша две и полгодишен договор со својот нов клуб

Неговиот ангажман како селектор на Саудиска Арабија заврши неодамна, а тој ете се одлучи повторно да се впушти во авантура наречена Блиски Исток.

Ал Сад е најуспешниот клуб од Катар и има 18 освоени титули. Сепак, во последно време се мачи на резултатски план па затоа се одлучи за така сериозно тренерско име.

 

ПретходноПедри се враќа на терен порано од очекуваното
СледноСинот на Буфон растура за Чешка