Меси ќе добие статуа покрај новиот „Камп Ноу“!

24
Фото: Фабрицио Романо

Да се знае кој е кој. Вечерва медиумите во Шпанија пренесуваат дека постои голема веројатност Лео Меси, иконата на Барселона, најдобриот фудбалер на сите времиња, ќе добие статуа покрај новиот “Камп Ноу“.

Ова го потврдил и Хоан Лапорта, првиот човек на каталонската гордост

Тој потврди дека Лео Меси „треба да има статуа“ на новиот Камп Ноу и посочи дека одборот „работи на тоа“, иако појасни дека, за да се случи ова оддавање почит, „семејството мора да се согласи“.

Сигурен сум дека Меси ќе се врати во Барса кога ќе ја заврши својата професионална кариера во Интер Мајами. Не знам што ќе прави, но знае дека вратите на Барса му се отворени. Меси заслужува најубаво оддавање почит на светот. Тој треба да има статуа на Камп Ноу, тоа е фер“, изјави претседателот на Барса.

ПретходноОдбојкарките на Јанта Волеј со пораз се простија од ЛШ, сега ќе играат во ЦЕВ Купот
СледноСветот е згрозен од потегот на Роналдо: Еве зошто доби црвен картон! (ВИДЕО)