Одличниот почеток, односно победата во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2027 година услови да имаме и одлични почетни индивидуални остварувања на нашите репрезентативки.
По првиот круг од квалификациите, Анџелика Митрашиновиќ е прва на листата на најдобрите асистенти. Нашиот капитен реализираше 11. успешни додавања на средбата со Данска, што заедно со учинокот на Алина Јакупова од Украина, се најдобрите по првиот одигран натпревар.
Митрашиновиќ е и една од неколкуте кошаркарки кои направија дабл-дабл ефект. Нашиот бек имаше 14.скока и 11.асистенции (но и шест скока) за 36.6 минути поминати во игра.
Мерит Хемпе имаше извонреден поентерски старт во квалификациите. Нашиот стартен центар забележа 25. поени, имаше одлично прво полувреме во кое веќе имаше 16, но даде свој придонес и во 20.минути од играта на средбата во СРЦ „Кале“.
Тоа е трет најдобар поентерски скор, во првото коло. Стартен лидер е Израелката Алиса Барон ос 27.поени, пред Холи Винтербурн од Велика Британија, која даде 26.
Хемпе е позициониранаа и на седмото место на листата на кошаркарки со најголем број на индексни поени – има вкупно 25 во оваа најважна статистичка категорија во која највисок индекс во првото коло оствари Валерија Алексиева од Бугарија – индекс 31.
Хемпе е и трет реализатор во шутот од поле (обиди вредни по два и три поени). Американката со македонски пасош имаше високи (11/16), односно 68.8% од овие позиции на средбата со Данска.










