Полувреме во Битола:Македонија поведе, ама Шведска има предност од 1:2!

47

Заврши првото полувреме од мечот во Битола и тоа со водство на Шведска од 1:2. Во дулот на У-21 селекциите во рамките на квалификациите за ЕП, Македонија поведе со голот на Елези во 12.минута.Подоцна истиот играч имаше шанса за 2:0. Сепак реално е да се каже дека Швеѓаните беа подобри, го имаа поседот, имаа неколку добри шанси, а головите, два за две минути беа дело на Оморова. Прво во 32.минута по киксот на Меличи, тој по додавањето на Куси – Асаре израмни, за да во следната минута Оморова успеа да и донесе водство на Шведска од 1:2.

Инаку се игра на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола а на трибините има мал број на гледачи.

Квалификации за ЕП – група Е (У-21)

МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА 1:2 (1:2)

Стадион “Петар Милошевски“ во Битола. Судија: Кевин О`Саливан (Р. ИРС). Стрелци: Елези 12. (МАК), Оморова 32., 33. (ШВЕ).

МАКЕДОНИЈА: Василев, Димески, Меличи, Ѓ. Џеков, Хамза, Ангелов, Гаштаров, Зенделовски, Данев, Елези, Трајков.

ШВЕДСКА: Бишесари, Скоглунд, Куртулус, Затерстром, Перез Винлоф, Нџие, Карлсон, Боудри, Сонко, Оморова, Куси – Асаре.

ПретходноЕХФ направи приказна за „Чкембари“, па сега им порача: Бевте неверојатни (ВИДЕО)
СледноТрибините на Арената се празни: Летонија и за беспари не е атрактивна!