Полувреме Македонија – Летонија: Шансите се редат, мрежите мируваат

27
Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје го игра пријателскиот дуел против соодветната селекција на Летонија. По првите четириесет и пет минути резултатот е 0:0, во дуел во кој и двата табора засега на повеќе наврати се заканија но не успеаа да реализираат.

Засега малубројната публика која што не ја искористи ниту можноста бесплатно да ја гледа оваа средба, можеше да ги види ударите на напаѓачот на летонците Гутковскис кој што најпрво шутираше директно во Димитриевски по само педесетина секунди од почетокот на мечот, за да најзрелата шанса на истиот да ја има во 24. Минута. Гутковскис биеше со глава осамен на петерецот на Македонија но покрај голот.

Пет минути подоцна Македонија го имаше својот момент, по обидот на Растодер со нога, но бише директно во Матревитс па овој исто така со нога изби во поле.

Конечно, Гутковскис го имаше својот трет обид и тоа најсериозен во 38 минута кога од непосредна близина биеше силно но Димитриевски направи мала бравура и не спаси од негатива.

Македонија пак по акцијата на Чурлинов и асистенцијата за Барди го стави на тест повторно Матревицс но овој и покрај „рикошет“ ударот на напиот капитен успеа да спаси.

По корнерот, Никола Серафимов со глава биде добро, Матревицс повторно брани, а и од вториот обид на Серафимов кој беше далеку послаб од првиот.

Македонија: Димитриевски, Илиевски, Ашковски, Серафимов, Стојчевски, Барди, Чурлинов, Растодер, Алими, Костадинов, Ристовски

ПретходноСантос на работ на испаѓање – Нејмар „во војна“ со судиите, тренерот и новинарите
СледноУ-21: Шведска се прошета во Битола, момците на Станиќ се далеку од класа!