Светот е згрозен од потегот на Роналдо: Еве зошто доби црвен картон! (ВИДЕО)

500

Главна тема вечерва и во наредните денови ќе биде Кристијано Роналдо. Во целата беспомошност на Португалија во Даблин, Роналдо целосно го изгуби трпението во 61-та минута. Во еден дуел, Роналдо удри со лакт еден ирски играч. Видеото со забавена снимка јасно го покажува лактот што судијата го прегледал по повикот од ВАР собата. Без многу размислување, судијата Ниберг му покажа директен црвен картон на Роналдо. Нема сомнение дека ќе се зборува многу за овој потег на големата ѕвезда на португалската репрезентација. Роналдо нема да игра во последното коло од квалификациите кога Португалија ја пречекува Ерменија.

ПретходноМеси ќе добие статуа покрај новиот „Камп Ноу“!
СледноАнглија ја победи Србија и ја “испрати“ Албанија во баражот, Франција официјално на СП, шок за Португалија!