Како што и се очекуваше, Тиквеш е победник на јубилејниот 25-ти меморијален турнир “Вуко Каров“ кој денеска се одржа во Кавадарци. Се играше по “италијански систем“ а учествуваа Тиквеш, Вардар Неготино и Тетекс. Се одиграа три средби по 45 минути.
На првиот меч прволигашот од Кавадарци успеа да слави против Вардар Неготино со 5:0. На вториот меч Тиквеш славеше против Тетекс со 3:0, Во меч за второто место, во дуелот на второлигашите, Вардар Неготино со 2:1 го победи тимот од Тетово кој заврши како последен.
По завршувањето на последниот меч, организаторот им додели благодарници и дипломи на најдобрите.










