Јувентус и агентите на Јилдиз ги прекинаа преговорите за нов договор

43

Последниот, одлучувачки чекор кон новиот договор на турскиот репрезентативец во дресот на Јувентус, Кенан Јулдиз се покажа покомплициран од очекуваното. Јувентус и Кенан Јилдиз не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката до 2030 година.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, преговорите се во застој, а сега страните повторно размислуваат за следните чекори. Недостасува компромис за бројките околу новата плата на Јилдиз, па дури и за одредени договорни аспекти се ставени на преразгледување.

Според весникот, потпишувањето на новиот договор на „десетката“ на Јуве никогаш не било повеќе во опасност отколку сега. По месеци преговори, дискусии и состаноци, извршниот директор Дамиен Комоли и придружбата на турскиот плејмејкер одлучија да ги прекинат разговорите.

ПретходноМитрашиновиќ е прв асистент, а Хемпе трет стрелец во првиот квалификациски круг
СледноДвајца Белгијци ќе играат за ДР Конго на решавачките баражи за пласман на Мундијалот 2026!