И што сега: Голот на Ван Дајк против Манчестер Сити бил погрешно поништен! (ФОТО)

119
ФОТО: Liverpool FC/FB

Ете, и во најсилната лига во светот, во Премиер-лигата со сета модерна технологија со која се располага, се случуваат грешки и тоа судиски и тоа на такви дерби мечеви како што беше оној меѓу Манчестер Сит и Ливерпул.

Победи Сити со 3:0, но што ќе беше ако голот на Ван Дајк сепак беше признаен а не поништен. Посебно ако се знае дека со тој гол гостите ќе израмнеа на 1:1. “Редси“ се жалеа, а сега Комитетот за клучни инциденти во ПЛ, објави дека голот на Холанѓанецот бил погрешно поништен и дека Ливерпул во овој случај бил оштетен.

Инаку веќе неколку дена се води дебата околу тоа дали навистина Робертсон, при голот на Ван Дајк, бил во недозволена ситуација и дали му пречел на Донарума, но еве сега овој Комитетет си го кажа своето мислење.

И што сега?

ПретходноПрвото појавување во јавноста: Екс-претседателот на Шпанската федерација гаѓан со јајца! (ВИДЕО)
СледноТупајиќ го одработи првиот тренинг со Работнички! (ФОТО)