Кметовска пред мечот со Грција: Знаеме колку можеме!

40
Фото: КФСМ

Нашите најдобри кошаркарки немаа многу време ниту за одмор, ниту пак да ја прослават победа против Шведска, прва на домашен терен по многу долг временски период, бидејчи следи дуелот со репрезентацијата на Грција.

Македонија има успешен старт во квалификациската група „Ф“, и одлична појдовна основа пред она што доаѓа следно на ред, дуелите со уште поквалитетни противници какви што несомнено се Грција и Хрватска.

Ивана Кметовска даде свој придонес во големиот триумф против Данска. Имаше тешка задача во дуелите со корпулентните гостински кошаркарки, и заедно со Мерит Хемпе и Матеа Николиќ практично ја „држеа“ одбраната на нашиот тим.

„Првата цел ја остваривме, но не застануваме тука. Пред нас имаме уште пет натпревари во кои сакаме да реализираме уште некоја победа“– вели една од најискусните во нашата селекција.

Утре навечер, од 18.часот, во СРЦ „Кале“ ќе гостува големиот фаворит во нашата квалификациска група, репрезентацијата на Грција.

„Имаме кратко време за некои подетални анализи. Сепак, се запознавме со нивната игра која ја прикажаа на средбата со Хрватска, која ја загубија пред својата публика. Значи ќе бидат уште помотивирани на утрешниот меч. Не менуваме ништо во пристапот, знаеме колку можеме. Ќе се обидеме да одиграме уште поцврсто, особено во одбраната, затоа што против нас ќе имаме доста искусни кошаркарки како Спаноу и Фасула, кои заедно со Кристинаки се носителите на играта на противничката селекција“ – смета Кметовска, пред вториот меч од квалификациите.

Ќе се игра во СРЦ „Кале“, со почеток од 18.часот, со директен пренос на МРТ3, а влезот е слободен.

ПретходноСрбија остана без СП, а капитенот го обвини Пикси: Да имавме тренер…
СледноОлимписка атлетичарка закопана во лавина: Го снимила моментот кога била спасена (ВИДЕО)