Нов предизвик за деветмина пинг понг надежи

18

Деветмина македонски пингпонгари од 26-ти до 30-ти ноември ќе настапат на меѓународен турнир во Беочин, Србија, дел од серија на Европската пинг понг федерација.

Сара Ризовска, Кристијан Каламадевски, Бојана Јовевска, Јован Пармачки, Матеја Смолиќ, Мартин Ристески, Давид Јоноски, Калина Митева и Кристијан Митев ќе настапат во категориите до 13 и до 15 години.

Ова е уште еден предизвик за најмладите пинг понг надежи, а учеството е дел од инвестирањето на Македонската пинг понг федерација во младите кадри и иднината на спортот.

ПретходноИмаат само 150.000 жители, а се на бод до пласман на Светското првенство 2026!
СледноКФСМ одлучи по жалбата на Пелистер: Суспензии за судиите и делегатот!