Работнички го одбра наследникот на Ердем

548
фото: sportissimo.republika.rs

Откако пред неколку дена ја раскина соработката со досегашниот тренер на тимот Алпарслан Ердем, Работнички очигледно го пронајде неговиот наследник. Според информациите на „СпортСпорт“, на клупата на тимот од Дебар Маало ќе седне српскиот стратег Ален Тупајиќ.

Станува збор за 50-годишен стратег кој претходно работеше на кормилото на екипата на Бор, а беше асистен, па подоцна и тренер во бугарскиот клуб Литекс од Ловеч.

Тупајиќ ќе се обиде да ја прекине лошата низа на „романтичарите“ од почетокот на сезоната и да се обиде да го врати тимот на безбедно место на табелата во продолжението на првенството.

ПретходноПрочитајте кои 29 репрезентации обезбедија место на Светското првенство
СледноПо очајното финале минатата сезона: МЗТ Скопје и ТФТ во прва пресметка!