Фановите во Ангола во транс: Лаутаро и Меси за победа на Аргентина! (ВИДЕО)

28
ФОТО: Selección Argentina in English/FB

Попладнево во Луанда, по повод Државниот празник на Ангола, домашната селекција одигра пријателска средба со Аргентина. Фановите имаа што да видат, па не секој ден Меси доаѓа во нивната земја.

Очекувано, светскиот шампион победи и тоа со 0:2 и тоа со головите на Лаутаро и Меси во 43.и 82.минута.

Иако комбинираше со составот, сепак селекторот на гостите Лионел Скалони на овој меч им даде минутажа и на своите најголеми ѕвезди. Ова беше само уште една контрола за селекцијата која на претстојното СП ќе ја брани титулата.

ПретходноТупајиќ го одработи првиот тренинг со Работнички! (ФОТО)
СледноПауновиќ ќе добие договор до 2030!