„Ако Јамал продолжи вака нема да трае уште долго“

0

Поранешниот селектор на Шпанија и Србија, Хавиер Клементе, во интервју за радиото Кадена СЕР изјави дека кариерата на Ламин Јамал нема да потрае долго.

Поранешниот тренер на бројни шпански клубови е добро запознаен со огромниот талент на Јамал, но верува дека сите контроверзии околу него на крајот би можеле да му ја уништат кариерата.

„Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што ако не се поправи во однесувањето во личниот живот, нема да трае долго. Тоа е јасно. Нема да му го дозволат тоа“, рече Клементе.

Стратегот вели дека е неспорно дека Јамал прави брилијантни работои, но неговите ривали веќер знаат како игра и знаат како да се постават против него. Според него, целата контроверзност надвор од теренот, неговите видеа на социјалните мрежи и најновиот инцидент – кога беше подложен на третман во последен момент што на крајот доведе до негово повлекување од репрезентацијата – воопшто не му користи на играчот. И не само тоа. Неговиот стил на игра почнува да биде оспоруван и од неговите противници.

ПретходноКФСМ одлучи по жалбата на Пелистер: Суспензии за судиите и делегатот!