Вардар лесно и убедливо ја совлада Струга

1

Ракометарите на Вардар ја продолжија победничката низа во домашното првенство, откако денеска без поголеми проблеми славеа над струга со 36:21 во натпреварот од 12. коло во Суперлигата.

Во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, избраниците на Иван Чупиќ немаа поголеми проблеми да ја прокнижат 12-тата победа сезонава која ги остава убедливо на врвот на табелата. на полувремето „црвено-црните“ имаа предност од 16:9, а во вториот дел, практично оваа предност беше удвоена.

Кавада со 6 гола беше најефикасен кај Вардар, додека кај Струга Атанасовски постигна 4 погодока.

ПретходноПоголема плата и нов договор за Пачо во ПСЖ