Лино Червар го подучи Хајдук како да игра за да Пољуд биде на нозе

53

Трофејниот ракометен стратег и поранешен македонски селектор, Лино Червар (75) одржа инспиративно предавање во Сплит за тренери од различни спортови, олимпијци и љубители на спортот.

Во својот говор ја нагласи важноста на храброста за промени, истакнувајќи дека „рутината често е најголема пречка за напредок“.

„Напишав книга ‘Ракомет’, книга каква и јас самиот би сакал да ја прочитам. Таа е наменета за сите колективни спортови. За промени е потребна храброст. Луѓето сакаат рутина и не сакаат да се преиспитуваат,“ рече Червар.

Се осврна и на младите, повикувајќи ги да го дадат својот максимум:

„Протегнете се до крај на вашите можности, како што природата му дозволува на дрвото да расте. Возрасните не можат да ги сменат годините, но мора да продолжат да учат.“

Червар истакна и дека нема најдобар тренинг – важно е постојано учење и ментална подготвеност:

„Тренингот го тренира и телото и умот. Не постои совршен тренинг, важно е да ја препознаеш вистинската работа и да ја пренесеш на играчите. Никогаш не се срами да учиш.“

На крајот, го допре и фудбалскиот Хајдук, повикувајќи на враќање кон препознатливиот стил:

„Хајдук мора да игра висок пресинг, тоа е негов идентитет. Не се само ПСЖ и европските клубови пример – Саудиска Арабија против Аргентина му го одзеде времето и просторот на Меси. Кога Хајдук би играл така, Полјуд би бил на нозе.“

Тимот на Гонзало Гарсија моментално бележи одлична форма – девет победи, два ремија и два пораза, со осум натпревари без пораз во сите натпреварувања.

ПретходноМоќна е оваа Ц.Звезда, Пао славеше среде Мадрид, одлична партија на Шортс!
СледноНикој никогаш како Џејлен Џонсон, четири рекорди во една ноќ (ВИДЕО)